На еден ден пред настапот на Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Маид и „Доктори“ во Кратово, се погласни стануваат шпекулациите дека можно е специјално изненадување на концертот да биде големата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Тој им беше ментор на дел од ѕвездите на Икс - фактор Адрија, а сосема случајно (или можеби намерно) во сабота ќе одржи голем концерт на Арената Филип втори.
Жељко Јоксимовиќ веќе пристигна во Скопје заедно со сопругата Јована, без двомесечниот син Коста, но и со 15 шлепери сценска опрема, која ќе биде монтирана на стадионот "Филип Втори". Концертот на српскиот пејач е закажан за в сабота со почеток во 21 часот, а со оглед на променливото време и честите дождови деновиве, организаторите на настанот велат дека нема резервна варијанта и без оглед на временските прилики - концертната локација останува градскиот стадион. Да се надеваме дека убвата петочна вечер ќе ја искористи да дојде во Кратово и да се види со Даниел, Тамара, Маид, а зошто да не, да се фати и за микрофонот.
И Жељко Јоксимовиќ ќе пее во Кратово?
Најново
![]() | Денеска | 1405 |
![]() | Вчера | 2479 |
![]() | Оваа недела | 3884 |
![]() | Минатата недела | 32439 |
![]() | Овој месец | 77809 |
![]() | Минатиот месец | 847250 |
![]() | Вкупно | 22130108 |