
Нашата најдобра каратистка со светска слава, Наташа Илевска, ако досега имавте можност да ја запознаете преку каратето и од неодамна откривме и друг нејзин талент, за танцување во шоуто „Танц со ѕвездите‘‘, во ова интервју ќе го запознаете оној нејзин поинтимен дел, нешто од нејзиниот љубовен живот.
Лидер: Кој празник го прославуваш, СВ. Валентин или Св. Трифун?
Наташа Илиевска: Св.Трифун затоа што е наш христијански празник, а за мене искрено секој ден е св.Валентајн и мислам дека за изразување лубов и наклонетост кон саканиот не е доволен само еден ден во годината.
Лидер: Подолго време си во врска, која е најромантичната работа што ја направил твојот партнер?
Наташа Илиевска: Имам долгогодишна врска, така што имало многу романтични работи кои ми ги приредил и незнам која би ја издвоила. Бидејќи не живееме во ист град, најмногу обожувам кога ненајавено ќе дојде да ме посети. Инаку еве и една интересна случка– на Светското првенство 2010-та кое се одржа во Белград исто така ненајавено дојде на самото првенство и најинтересно од се, јас сосема случајно го забележив во публиката непосредно пред мојата прва борба. Се сеќавам дека почуствувам голема возбуда и сигурност затоа што ја имав неговата подршка, како и секогаш, што во тој миг многу ми значеше.
Лидер: Што му подаруваш и што ти подарува тебе саканиот за Св. Валентин?
Наташа Илиевска: Немаме такви обичаи да си подаруваме подароци за св.Валентајн и практично кога си подаруваме подароци никогаш немора да имаме некој специјален повод
Лидер: Што е според тебе љубовта?
Наташа Илиевска: Според мене, љубовта е најголемиот благослов од Бога. Таа е нешто свето кое постои во секој од нас, било да е љубов кон родителите, спротивниот пол, пријателите, природата, … Најубавото и највозвишеното чуство кое не прави среќни, исполнети и дава смисла на нашиот живот.