gogo

A+ R A-


Интервју со Викторија Трајчева за „Јуник“: Костумот не те прави интелектуалец

altНеизвештачена, природна, искрена, скромна и забавна – тоа е нашиот впечаток од денот поминат со неа. Таа е една од нашите најмлади лингвистички претставници пред лицето на Европа. Нѐ пречека во нејзината канцеларија, а потоа и во нејзиниот стан каде ѕирнавме во нејзиниот плакар со воглавно, панк-рок стил, и почнавме да ја отплеткуваме приказната. Направивме интеrвју од кое ви презентираме дел. Откријте ја во целост на страниците на Unique во некој од следните броеви:
*Преведувач во неколку поголеми фирми кај нас, асистент на два факултета, лектор и колумнист. Како го организирате времето и која е тајната на успешната професионална посветеност?
- Имам флексибилно работно време така што имам и слободно време, но нормално има денови кога обврските доживуваат кулминација па помалку отспиени часови завршуваат работа. Успехот е релативна работа, за кој јас имам поинаква дефиниција. Но, кога го поставивте така прашањето сигурен и најточен, а истовремено и најклише (се смее) одговор би бил – огромната поддршка од моето семејство, на кое му должам премногу за мојот идентитет и начин на живеење, како и големата подрршка од мојот партнер и негова вклученост во многу мои проекти.
alt*Познато е дека јавно сте вклучени во повеќе организации како Анима Мунди, дури продефилиравте како заштитно лице на нивен проект, потоа активно се залагате за искоренување на расна и национална дискриминација, се залагавте ЛГБТ популацијата да добие поддршка од факултетите. Кажете ни нешто околку оваа ваша активност.
- Во Македонија постои сериозен проблем во врска со сите клучни прашања за кои овие организации се залагаат. Често мислам дека многу луѓе кај нас се лажни моралисти. Несовесноста, незнаењето и ограничените размислувања се главна карактеристика на ова општество за жал, треба да се трудиме сите за нивно искоренување. Почетоците на задоволството би требало да ги бараме во комплексната способност да ги сакаме луѓето како и животните. Новата револуција е во еволуцијата на свеста на поединецот.
*Велите дека ја сакате музиката на Серж Танкиан и Систем оф а даун, ексцентричниот јазик на комичарот Расл Бренд и теоретската мисла на Орвел и на Чомски. Како тие ве обликуваа во личноста што сте денес?
- Секој човек што ќе го сретнете во денот остава некаков печат врз вас. Тоа е како конец во кармичката мрежа, така што влијанијата постојано се испреплетуваат. Овие што ги спомнувате се само мал дел од авторите и артистите што на некој начин ги обликувале моите вкусови и ставови. Најдолготрајно временско влијание врз мене има Серж Танкиан, неговите размисли, поезија кои се моја инспирација за многу од моите колумни и залагања. Сепак, секогаш е важна критичката дистанца од влијанието. Во принцип сум против неотповикливи авторитети и идолатрија, а секогаш за интелектуалната скепса и затоа често се преиспитувам себеси зошто некои работи ми се допаѓаат и ме допираат во одреден период и која е емотивната идентификација со нив.
*Сметате ли дека првиот впечаток е најважен? Би внимавале ли повеќе на својот изглед доколку сметате дека луѓето ве проценуваат според него? Кој е според Вас најзастапен начин на облекување кај нас?
- Не, воопшто. Мислам дека првиот впечаток не е важен зашто длабочината што секој ја носи во себе во никој случај не може да ви ја открие тој прв впечаток, а најмалку кога изгледот е во прашање. За жал, кај нас во последните години забележувам кај младите дека најмногу е изразит начин на облекување на квази-интелектуалци кои потајно се надеваат дека костумот ќе направи да изгледаат попаметни во очите на луѓето и ќе скријат многу недостатоци и го преферираат во скоро секоја пригода, како и еден начин на облекување кој му припаѓа на женскиот пол, на невкусни кратки здолништа и светликава хулахопка, хаштег "кафана - варијанта", комбинации кои можат да се видат исклучиво на нашите балкански простори, хау кул ис дет (се смее).
alt*Како што можев да забележам најмногу поседувате облека со текстури од познати уметнички дела, брендовка облека, особено познати италијански брендови за облека. Како го дефинираш твојот стил на облекување? Кој е твојот омилен бренд?
- Не сум баш размислувала за споствениот стил на облекување, тоа и не ми е толку важно, да, сакам да носам квалитетни, удобни материјали, често лежарна облека која крие мал жар во нејзината едноставност, па ова некако би го опишало и мојот стил. Лично, најмногу се пронаоѓам во креациите на Стела Мекартни и ми е драго што поседувам прачиња од некои нејзини колекции. Но, сепак за мене најдраги парчиња облека се оние купени од музеите на некои од моите омилени уметници.
*Го имате прошетано најголемиот дел од Европа, како метрополите така и некои помали градови ги посетувате по неколку пати. Што најмногу те фасцинира кај патувањата и каде најмногу се пронаоѓаш?
- Патувањата имаат душа, чувства и длабочина, а сето тоа го откривате и му се насладувате при секоја нова посета и е се посилно – тоа ме фасцинира. Бидејќи доаѓам од мал град, можеби и такви мали градчиња најмногу ме привлекуваат, а ако морам да издвојам би ги споменала Фигуерес и Лугано.

текст: Илина Кочан

Интервјуто е позајмено од списанието „ЈУНИК“

http://uniquemagazine.mk/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.