gogo

A+ R A-


Интервју со Живко Поповски - Цветин, генијалецот со сликарска шпакла (ВИДЕО)

Живко Поповски – Цветин е уметник сликар и хуманист, и кандидат за Нобеловата награда за мир. Роден е на 2 октомври 1944 година во с. Брезово. Дипломирал на Земјоделски факултет во Белград. Работел како новинар и уредник, бил директор, советник и раководител на државни установи. Бил Председател на Црвен крст на Македонија. Живее во Скопје. Со сликарство интензивно се занимава од 1970 година. Во македонската и пошироката светска јавност е познат и почитуван по неговата хумана акција – мисијата Цвеќето на мирот. Во Македонија и во странство има реализирано повеќе од 300 изложби. Во овие 30-тина години творештво тој подарил повеќе од 40.000 слики, кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти и на многу институции и поединци кои зрачат со позитивна енергија.
Беше во Кратово минатиот викенд во чест на поетот Чедо Јакимовски и ни ја раскажа животната приказна. За читателите на АБЕРЏИЈА во истовреме сликаше цвеќе со шпакла, рецитираше поезија од Блаже Конески, потпишуваше слики, раскажуваше случки од минатото...

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.