gogo

A+ R A-


Иселениците од Кратово го прославија „Св.Ѓорѓи Кратовски“ во Париз

Празникот Свети Ѓорѓи Кратовски не се празнува само во родниот град на светецот, туку насекаде низ светот каде живеат кратовчани. Во годината кога се слават 500 години од упокојувањето на големиот борец за христијанската вера, голема прослава се одржа во француската престолнина Париз, каде живее поголема колонија кратовци. Во организација на кумовите Рате Антовски, Јонче Спиридонов и Саше Максимов, сите родени кратовци, во православниот храм во Париз, Св.Кирил и Методиј, богослужба одржа отец Даниел Стојчевски. Околу стотина гости, поголемиот дел кратовци по потекло, организираа кратовска вечер во чест на светителот и заштитник на Кратово.

alt

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.