gogo

A+ R A-


Јулија Цветковска од „Бекстејџ“: Не седнувам на маса без луто!

alt

Многупати преку естрадниот магазин "Бекстејџ", кој се емитува на Македонската радио-телевизија, Јулија Цветковска била таа што ги промовира убавините во САД, но и eвропските земји. Младата новинарка има привилегија да ја работи работата што ја сака, но истата ~ овозможува и незаборавни патувања. Токму при тие патувања ги има вкусено убавите специјалитети што ги нудат локалните готвачи.

Не седнувам на маса без луто
Оброците и храната за Јуле се уметност и сè додека ужива во нив, вели, тоа е привилегија. Иако по нејзиниот физички изглед тоа и не се забележува, таа ужива во храната.

- Со оглед на килограмите што си ги носам, немам апсолутно никаков проблем со вишокот телесна тежина, напротив мислам дека ми треба некој килограм повеќе. Немам никаков посебен начин на исхрана, јадам сè што ми се јаде. Колку и да не изгледа така, уживам во лута ловечка, изгор лут пинџур, феферончиња, пилешко на илјада начини и сè што е многу зачинето и многу луто. Желудникот се бунтува, ама желбата победува. Без луто, не седнувам на маса, вели таа.

Сама готвам, сама јадам
Знае да претера со консумирање и со блага и со солена храна, а маслинките се убедливо нејзин најголем порок, во сите варијанти и вкусови, а најмногу црните несолени.

- Што се однесува до благото, јадам сè што има на маса. Нема човек што не сака чоколада. А јас не знам за доста од единствениот "блок-крем". На другата страна, пак, овошниот сладолед е она што во лето е мојата сенка. Го обожавам "лолипоп". И знам за него да се вратам до продавница и неколку пати ако треба, вели Јуле.

Во однос на вештините за готвење, вели дека одлично се снаоѓа, но многу ретко го поминува времето во кујна.

- И без лажна скромност ќе кажам дека знам да ги направам најубавите макарони со хопла, ориз со зеленчук и пилешко, лосос со портокал, пилешко во лут сос од домати, вели Јуле.

Обожавам сè од мајка ми

Иако ги има пробано повеќето интернационални кујни и меѓу нив знае да направи вистински "попис" на вкусови, домашната храна готвена од најблиските се чини сепак е незаменлива.

- Обожавам сè што ќе ми подготви мајка ми. Секоја наша средба почнува со полнети пиперки. Во останатите денови, менито го пополнуваме со полнети тиквички, растурена сарма, гравче-тавче, пире и ќофтиња. Мајка ми ги прави најубавите пржени компири на свет. Колку и да не ги сакам пржениците, на овие не можам да им одолеам. Сестра ми прави турли-тава за медал. Највкусно е кога друг ти готви, вели Јулија.

Јогата ме прави среќна

Поради професијата, важно ~ е како изгледа, но не и пресудно.

- Физичкиот изглед е важен онолку колку што е важна и корицата на книгата. Тоа е првиот впечаток што го оставаш за себе. И работата и карактерот инсистираат на тоа изгледот да ми биде важен, но не и најважен. Убаво е кога изгледаш добро и зборуваш паметно. Тогаш некако поинаку те слушаат. Но мислам дека дефиницијата за убаво, секој сам си ја одредува.

Што се однесува до спортувањето, последните четири до пет години се посветува на јогата.

-Јогата не е спорт. Таа е начин на живот. Таму научив колку мораш сам себеси да си бидеш важен. И таму, професорката ме научи дека моето здравје не смее да трпи изговори "немам време". Себично е да имаш време за сè и за сите, но не и за себе. И токму тие часови не само што го одржуваат моето тело, туку и мојот дух. Разликата е очигледна. По еден час јога, главата ми е лесна и бистра. А јас среќна, вели Цветковска.

Секое патување носи нешто ново

Вели дека каде и да отиде сака да проба нешто од локалната храна.

- Во која земја и да патувам, ја јадам нивната традиционална храна. Грев е во Берлин да јадеш пица кога го имаат неверојатниот бел колбас и грч ладно германско пиво. Во Турција да пропуштиш да пробаш јени-ракија и риба на Босфор. Во Италија капучино, во Виена захер-торта. Од Далас во Тексас да заминеш без да пробаш американски стек. Или од Белград, да се вратиш без да се најадеш плескавица. Во Крушево топено сирење, во Кратово незаменлива пастрамајка. Без разлика дали сум далеку или блиску до дома, го барам локалното. Тоа е начин дома да се вратиш со најубавите импресии. А на местата што си ги посетил, секогаш ќе се сеќаваш како на места каде што не било полно само окото или срцето, бил и стомакот, вели таа.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=7AF28BD9E1B9ED40B0628AE425632A44

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.