gogo

A+ R A-


Како Ѕинго ја запросил Мирјана (преземено од ВЕСТ)

alt

Претседателот на социјалистичката партија и пратеник Љубисав Иванов - Ѕинго в година ќе прави златна свадба со неговата сопруга Мирјана. И по речиси 50 години брак, тој сe уште се сеќава како и ја побарал раката на неговата сопруга.

"Една вечер, при едно посебно расположение, и предложив брак на Мирјана. Таа рече да. Не клекнав на колена, но го извадив прстенот и и го ставив на раката", ни открива Ѕинго.

Тој и Мирјана, пред да одлучат да стапат во брак, биле три години во љубовна врска. Кога се зеле, Љубисав имал 26 години, а Мирјана е три години помлада од него. Свадбата ја направиле во Кратово, со сите македонски обичаи и со многу гости.
Лидерот на Социјалистичката партија вели дека и кога биле млади и денес останало нивното омилено место - малото ресторанче "Бавча".
"Тоа е местото каде што често одевме кога бевме млади. Мирно е и тивко, во шума, а пак блиску до градот. Секако, во Кратово", вели Ѕинго.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.