Доколку во четврток ве изненадат пукотници по Кратово, не паничете без потреба. Утре започнува снимањето на серија, а дел од сцените ќе бидат снимени во нашиот град. Во периодот од 06.00 - 19.00 часот, сообраќајот на улицата „Свети Ѓорѓи Кратовски“ (во делот од Пазарот до Плоштадот) ќе биде затворен, поради потребите за снимање на ТВ серија. Двонасочен сообраќај ќе се одвива по улицата „Гоце Делчев“ и се известуваат сите сопственици на возила тој ден да не паркираат на улицата „Гоце Делчев“ бидејќи за таа цел ќе биде ослободен паркингот на Автобуската станица.
Исто така се информираат граѓаните со цел да не се создаде страв и паника бидејќи за потребите на ТВ серијата ќе се снимаат сцени во кои ќе има пукотници.