gogo

A+ R A-


Кои биле Маите? Зошто исчезна една толку напредна цивилизација?

alt

Огромни градови беа проголтани од џунглата, а мудроста и знаењето на Маите беа загубени за човештвото со векови. Што го собори тоа напредно општество, кое преживеа и просперираше со милениуми

Камените резби се истрошени од времето. Огромни плоштади се покриени со мов, а гигантски резервоари се проголтани од џунглата. Единствените жители се диви животни и птици.

Но, пред 1.200 години, Тикал беше еден од главните градови на огромната и величествена цивилизација на Маите што се протегала низ поголемиот дел од она што сега е јужно Мексико, Белизе и Гватемала. Тикал бил дом на можеби 100.000 луѓе. Земјоделски поседи покриени со слама и полиња се протегале колку што можело да се види со око. Нивната цивилизација била толку стабилна и утврдена, што дури имале збор за 400-годишен временски период.

Маите напредувале речиси 2.000 години. Без употреба на количка или метални алатки, тие изградиле масивни камени структури. Биле вешти научници. Имале соларна година од 365 дена, а една од ретките опстанати антички книги на Маите содржи табели на затемнувањата. Од опсерватории, како онаа во Чичен Ица, тие го следеле напредокот на воената ѕвезда, Венера. Тие развиле сопствена математика, користејќи го основниот број 20, и имале концепт за нула. Исто така, имале сопствен систем на пишување. Нивната цивилизација била толку стабилна и утврдена, што дури имале збор за 400-годишен временски период.

Општество на Маите било динамично, но тоа, исто така, можело да биде брутално. Било строго хиерархиски и длабоко духовно. Луѓето биле жртвувани за да се смират боговите. Елитата, исто така, се измачувала - машки владетели на Маите ги пробивале кожичките на нивните пениси, а жените нивните јазици, очигледно со надеж дека ќе обезбедат храна за боговите кои барале човечка крв.

Во деветтиот век, светот на Маите се свртел наопаку. Многу од големите центри како Тикал биле напуштени. Светите храмови и палати накратко станале дом на неколку бесправни доселеници, кои оставиле отпадоци од домаќинството во некогашните беспрекорни згради. Кога заминале и тие, Тикал бил напуштен засекогаш, а цивилизацијата на Маите никогаш не закрепнала. Преживеале само мал дел од Маите за да се соочат со шпанските освојувачи во 16 век.

alt

Со децении, археолозите се во потрага по објаснување за пропаѓањето на Маите. Изнесени се многу теории, почнувајќи од војна и инвазија до миграција, болест и прекумерно земјоделство. Многу мислат дека вистината можеби лежи во комбинација на овие и други фактори.

Но, ниту една од конвенционалните теории не беше доволно добра за Дик Гил. Тој верува дека она што го уништило Маите било суша. Сепак, сушата како единствено објаснување за пропаѓањето на Маите е мошне контроверзна.

Дик Гил на најневоочаен начин изнесе смела нова теорија објаснувајќи го пропаѓањето на цивилизацијата на Маите. Кога ја започнал потрагата по индиции, тој всушност бил банкар. Неговата љубов кон Маите започнала во 1968 година, кога го посетил Чичен Ица во јужно Мексико додека бил на одмор. Урнатините на Маите, вели тој, навистина го трогнале.

Неговата реализација на она што можело да предизвика пропаѓање на Маите се случи како генијална идеја - тоа не беше образложение што доаѓа од книги и студии, туку директно од неговото детство. Гил се сеќавал на катастрофалните суши во Тексас во 1950-тите години, кога обработливото земјиште пресушило и беснееле пожари. Топлите, сончеви денови изгледале бескрајни, и тој имал емотивно разбирање за моќта на сушата.

Неговата работа го довела до драматичен заклучок - дека цивилизацијата на Маите ја сочинувале милиони луѓе кои умреле многу ненадејно.

Тој бил сигурен дека Маите се соочиле со огромна суша, но немал докази да ја поткрепи својата теорија - па тргнал во потрага по индиции. Еден од првите луѓе кон кои се обратил бил археологот д-р Фред Валдез.

Валдез, од Универзитетот во Тексас, работел длабоко во џунглите на Белизе. Тој ги броел земјоделските поседи на Маите со цел да го процени веројатното вкупно население. Парчиња од керамика му кажувале кога била окупирана областа, и неговата работа го довела до драматичен заклучок - дека цивилизацијата на Маите ја сочинувале милиони луѓе кои умреле многу ненадејно. Гил знаел дека неколку фактори можат да го објаснат тоа - а еден од нив била суша.

Според мислењето на Гил, тоа ја зајакнало неговата теорија, но се' уште му биле потребни директни докази. Дошло време да се пребараат архивите. Националните записи што се чуваат во Мексико Сити откриваат дека, на почетокот на 20 век, сушата во регионот на Маите траела три години. Имало докази дека сушата, всушност, можела да се случи во овој регион.

Потоа тој наишол на постари, колонијални записи од шпанските власти во провинцијата Јукатан во Мексико, кои укажуваат на повторена суша. "Ја најдов оваа молба за помош", вели тој. "Жетвата била многу лоша во годината 1795 - го потрошиле житото и се плашеле дека страшната смрт што ја гледале често во минатото ќе се повтори, па барале помош".

Гил имал докази за катастрофални суши во минатото, но не во клучниот деветти век. Иако деталните докази станувале поцврсти, Гил се' уште немал директен доказ за катастрофална суша во областите на Маите во деветтиот век. Конечно ги добил тие докази кога тим од Универзитетот на Флорида го посети езерото Чичанканаб во регионот Јукатан во Мексико.

Научниците откриле дека деветтиот век бил најсушниот период во регионот за 7.000 години.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.