gogo

A+ R A-


Кои телефони, таблети и лаптопи имаат најдолготрајна батерија?

При купувањето смартфон, таблет или лаптоп, издржливоста на батерија е меѓу најважните работи што се земаат во предвид. Погледнете ги резултатите од истражувањето за тоа кои од гаџетите имаат најиздржлива батерија.

alt

HTC 10 се покажа како смартфон со најмоќна батерија. Неговата батерија се празни по 1.859 минути непрекинат разговор, што е еднакво на 31 час.

Од другата страна на листата, како смартфон со најслаба батерија се покажа EE Rock чија батерија се изгасила по само 3 часа сурфање.

Во поглед на таблетите, најдобри перформанси на батерија има Samsung Galaxy Tab A 9,7. Батеријата на овој модел трае 16 часа пред да има потреба од ново полнење.

Ако планирате да го користите таблетот за некоја посериозна работа, тогаш треба да го избегнувате Acer Iconia B1-710 бидејќи неговата батерија трае само три часа.

Кај лаптопите батеријата на Toshiba Satellite Click 10 овозможува работа до 11 часа, а интересно е дека екранот може да се одвои од лаптопот и да се користи само како таблет.

Во споредба со него, Asus Zenboook Pro UX501 има повисока цена, но батеријата му трае само два и пол часа.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.