gogo

A+ R A-


Која ви се допаѓа повеќе? Македонската или српската верзија на новиот хит на Кајмакоски?

http://kanalplus.mk/wp-content/uploads/2015/07/11225238_837625086327877_1351495540590834673_o-660x330.jpgЕдна недела по промоција на првиот сингл "10 ЛЕТА", Даниел ја промовираше и српската верзија со наслов "Деценије". Премиерно песната беше изведена во емисијата Ами Г шоу во редовниот термин вторник навечер, по што утредента следеше и радиска премиера на Накси Радио (Белград).
“Сите мои наредни проекти ќе имаат македонска и српска верзија, бидејќи публиката и фановите кои ме поддржуваа и сеуште поддржуваат во Македонија и во регионот го заслужуваат тоа” – изјави денес Даниел Кајмакоски при гостувањето на утринската програма на Пинк телевизија.

Автор на песната (музика и текст) е Александра Милутиновиќ, за аранжманот и продукција беше задолжен Дарко Димитров.
Како и “10 Лета”, така и “Деценије” е промовирана заедно со видео спот кој само треба да го дополни уживањето во песната и дополнително да ги освои фановите во регионот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.