Бергеровиот распоред за третиот круг во фудбалското првенство посака Вардар на 11 април повторно да гостува во Кратово, а тоа ќе значи нова инвазија на навивачката група „Комити“ и одлична атмосфера во Кратово. На последното гостување пред една недела гостинските навивачи беа релативно пристојни, направија неколку поситни инциденти, но будното око на огромен број припадници на Бригадата за брзи интервенции не дозволи поголеми проблеми.

















