&;feature=youtu.be
Реновираниот базен во Кратово и официјално ги отвори вратите за посетителите. Граѓаните на Кратово, но и на соседните општини Ранковце, Крива Паланка и Пробиштип ќе можат да се рекреираат и да уживаат цело лето во водните спортови.
-Овој базен и изграден и пуштен во употреба уште 1995 година и секоја година работеше успешно. Како годините одминуваа, потребни беа поголеми напори за санација на базенот, кои оваа година ги направивме. Извршивме комплетна замена на филтри, пумпи, системот за хлорирање. Базенот се чисти секојдневно, тоа што ќе се наталожи на дното со специјални смукалки се чисти, а се мери секојдневно и ПХ вредноста на водата – вели Добре Иванов, менаџер на базенот.
Главен адут на базенот во Кратово се ниските цени. Целодневна влезница чини 60 денари, а ниски ќе бидат и цените на храната и пијалоците.
-Можам да кажам дека по извесна пауза, базенот е доведен во супер сосотојба. Одлично е што базенот повторно проработи. Тука цените се далеку поефтини отколку на „аквапаркот“ во соседниот Пробиштип – велата посетителите.
Базенот во Кратово ќе работи секој ден од 10 до 17 часот. Доколку временските услови бидат добри, капачите ќе можат да уживаат до крајот на септември. Оливер Арсовски