gogo

A+ R A-


Кратовчанката Викторија Трајчева режираше „комичен Дон Жуан“, критиките одлични

Престставата Дон Жуан од францускиот драматург Молиер која доби една современа обработка од страна на асистентката м-р Викторија Трајчева од Филолошкиот Факултет на Универзитетот Гоце Делчев во Штип и беше изведена на сцената на драмскиот театар во Скопје по повод организираните денови на млади актери и актери-аматери беше проследена со огромен аплауз и емоции посебно од францускиот амбасадор, Лоренс Оер, којшто ги покани младите актери-аматери студенти на Катедрата за странски јазици на УГД во Штип да ја прикажат уште еднаш претставата на отварањето на франкофонски денови 2013 кај нас.
alt
Дури ни академците од Факултетот за драмски уметности во Скопје не останаа рамнодушни. Професорот м-р Богдановски Руомир и режисерот Владимир Милчин понесени од емоциите станаа да аплаудираат со што ставија акцент на оригиналноста на претставата. Ова е прва режирана претстава на Викторија Трајчева, но обработка на комедија не е лесна работа па ја прашавме дали и понатаму ќе се занимава со режирање на комедии во современ стил:
"Јас не сум режисер, ниту пак имам намера да ја земам професијата на истите, познавам прекрасни млади режисери кои се креативно плодни и чии овошки ќе ги вкусуваме допрва и ќе уживаме во тој нектар. Драмата како жанр е посебна сама по себе и создава свежи слики со секоја прочитана страна. На Дон Жуан му дадов еден современ дух, тоа е освежување за публиката, да, но и студентите од ФЛФ Штип го воспримаа тоа чувство и ја направија уште попосебна. Претставата ја обработив, прилагодив за потребите на патронатот на Универзитетот во Штип и тогаш не присуствував на главното прикажување па кога сите ми велеа дека претставата предизвикала смеа во целата сала поради својата комична содржина бев изненадена. Сега, повторно не присуствував во Скопје и некако ми треба време да го доживеам чувството, но лицата на студентите–актери ми ја посредуваат таа енергија секојдневно оттогаш и тоа се прекрасни емоции за мене, ги воспримам секој ден по потребна доза и тоа добива трајност" – ни кажа младата асистентка со насмевки.
Претставата, поради заинтересираноста, ќе има уште неколку свои изведби во Драмскиот театар во Скопје, во септември оваа година.

www.vest.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.