gogo

A+ R A-


Кратовецот Игор Мишевски доби награда од Ериксон за Андроид апликација

altМакедонскиот тим „Farmarket“ го освои второто место за најдобра мобилна апликација доделена од светскиот бренд Ericsson, пренесува Капитал.

Во Стокхолм, Шведска денес наградата ја примија Игор Мишевски и Гордана Мишевска, сопственици на компанијата „Nova Solutions” од Битола која ја изработи апликацијата „Farmarket”. Тимот „Farmarket“ го предводат Мишевски и неговиот партнер, Александар Балаловски, програмер за мобилни апликации, кои се и главни креатори на апликацијата.

Иноваторите на оваа апликација велат дека цел на апликацијата е да го помести јазот помеѓу купувачите и производителите на прехрамбени производи. Апликацијата им овозможува на семејствата, компаниите и рестораните да се поврзат со локалните фармери од кои може да порачаат прехрамбени производи. Оваа апликација може да функционира во цел свет, и токму затоа иноваторите сметаат дека има голем бизнис потенцијал.

„Наше мото е дека постојано треба да иновираме и да излегуваме од комфорната зона за да креираме производ кој ќе биде корисен за целната публика. Во оваа фаза, Farmarket се уште е во развојна фаза, а ние забрзано бараме инвеститори кои би помогнале побрзо да ја лансираме апликацијата на пазарот“, вели Игор Мишевски, иноватор на апликацијата.

altСпоред Балаловски, развојот на Андроид апликација не е како останатиот развој на апликации.

„Развојот на Андроид апликациите не е сувопарен и едностран, туку е брз и динамичен и се менува секојдневно. Андроид како платформа или ја сакаш или воопшто не ти се допаѓа. Не постои средина кога на Андроид се гледа од технички аспект во смисла на разбирање и манипулирање со платформата “ - изјави Александар Балаловски, главен програмер на Farmarket.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.