М-р Викторија Трајчева (редовен асистент, јазичен лектор, колумнист) од матичниот Филолошки Факултет минатата година учествуваше на Годишната Лингвистичка Конференција во Брисел која редовно ја организира и финансиски поддржува ЕУ преку Европската Универзитетска Асоцијација и Европскиот Лингвистички Институт. Асистент Трајчева беше единствена од Балканот која доби врвен сертификат за особено достигнување со научниот труд "Неологизмите како лингвистички феномен во мас-медиумите (англиското влијание во македонскиот и останатите словенски јазици)" и уште еднаш ја претстави вредноста на македонските јазичари пред европските лингвисти.
Годинава повторно има директна покана за учество и како што проф. д-р В.Јанковски изјави за локалните медиуми:
"За тоа кој ќе го презентира нашето залагање за странските јазици требаше да се решава на оддржаниот предновогодишен Ректорски совет, но одлуката беше едногласна и воопшто не беше ставенo под знак прашање меѓу моите колеги повторното присуство на оваа наша најмлада колешка на така значајна конференција за нас и за нашето понатамошно промовирање пред Европа како лингвисти. Сеуште не можам да дадам изјава за темата која ќе биде третирана како проблематика на овогодинешната седница како и на кој јазик ќе се говори воглавно, поради спорот на германските лингвисти за третманот и употребата на германскиот јазик во целост на конференции од ваков карактер поради што се доцни со активностите, само можам да речам дека Викторија е спремна без оглед на кој и да јазик се говори од официјалните во Брисел. Таа работеше на доста лингвистички истражувања како кај нас така и надвор, и покрај ангажманите на Катедрата се надевам и верувам дека и оваа година ќе не претстави достојно."
Прекрасната бујнокоса асистентка е позната и по тоа што не преферира и често одбива медиумско експонирање, но се надеваме дека наскоро ќе имаме и нејзина изјава во врска со овој настан.
Кратовката Викторија Трајчева со јазична беседа во Брисел и оваа година
Најново
![]() | Денеска | 77 |
![]() | Вчера | 6462 |
![]() | Оваа недела | 22080 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 110428 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21164364 |