gogo

A+ R A-


Кратово е „град-музеј“, ама стана и „град-зоолошка градина“

altКратово одамна го краси епитетот „град - музеј под отворено небо“, иако дефинитивно може да го добие и епитетот „град - зоолошка градина без ограда“. Откако пред три месеци беше забележан волк во школскиот двор на основното училиште, кој храбрите шумари го отепаа, денес во попладневните часови на педесеттина метри од деветолетката беше забележана лисица како слободно се движи во близина на метеоролошката станица.
Неодамна беа забележани и срни кај бензинската станица во Кратово, па како тргнало, веќе не мора дечињата од Кратово да се носат на екскурзија во скопската ЗОО, доволно е да се прошетаат низ нашиот град и да се запознаат со дел од дивото животинско царство. И отворете добро очи, можеби следното што ќе го видите ќе биде мечка или мајмун...

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.