
Општината Кратово дефинитивно треба да размисли за отворање на „конкурс за избор на најголем патлиџан“, откако денес уште еден кратовчанец се пофали со домат-капиталец од својата бавча. Драги Гиразовски го набрал доматот во својата бавча во с.Тополовиќ, а вагата покажала неверојатни 1,3 килограми. Пред десеттина дена и полицаецот Жика Златковиќ набра со иста тежина, а вчера и семејството Ивановски набрало домат од 1,1 кг.
После оваа неверојатно „тешка“ берба на патлиџани, можеби треба да размислиме од следната година да организираме „доматијада“.
















