Александар Петров – Вукац, момчето од Неготино кое на македонската јавност и стана познат по манифестацијата „Шопска свадба“ и бракот со кратовчанката Даниела, повеќе од десет години се обидуваше да си го исполни сонот и професионално да се занимава со рап и хип-хоп музика во родната земја. Откако не успеа да се докаже во родната земја, патот го однесе во Америка, каде деновиве ја објави песната „I Step On The Gas“, која е во соработка со раперот SamGotDI, и веќе е промовирана на десетици популарни музички платформи.
Првичните критики се позитивни, се работи дефинитивно за песна која заслужува респект и може да биде отскочна штица во музичката кариера на Александар.
