Кога се работи максимално, има и резултати. Учениците од СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово освоија нови признанија, овојпат на натпреварот по Латински јазик организиран од „euroclassica“ и спроведен од страна на професорката Силвана Величковска. На овој натпревар се стекнаа со ECCL сертификат (The European Certificate For Classics - Европски сертификат за класични јазици) следниве ученици:
* ТРЕТО МЕСТО = Викторија Младенова и Мартин Ѓеорѓиевски
*ВТОРО МЕСТО = Александра Шатева, Антонио Арсовски, Марија Петрова, Кристијан Анчов и Мила Дачева.