Модните недели речиси без исклучок поттикнуваат дискусии за тежината на манекенките. Додека на ревиите на популарните дизајнери дефилираат само слаби девојки, за време на Њујоршката недела на модата се одржа модно шоу на кое ѕвезди беа само крупни модели.
Моделот Ешли Грем ја претстави својата колекција долна облека „Црна орхидеја“ во соработка со брендот Addition Elle.
„Јас сум големина секси“ – изјавила самоуверената Ешли по завршувањето на ревијата.