gogo

A+ R A-


Куќата на Шатеви сеуште постои во скопската чаршија

alt Ку­ќа­та на се­мејс­тво­то Ша­те­ви и де­нес пос­тои во Ста­ра­та чар­ши­ја, иа­ко тој по­да­ток е по­мал­ку поз­нат. За сре­ќа, ку­ќа­та е за­чу­ва­на, иа­ко ре­чи­си сe око­лу неа по­ле­ка ис­чез­ну­ва. Во неа жи­ве­е­ле нај­блис­ки­те на Па­вел Ша­тев, вну­кот Апос­тол, син на не­го­ви­от ро­ден брат Иван Ша­тев. При­ја­те­ли­те на Апос­тол рас­ка­жу­ва­ат де­ка тој чес­то збо­ру­вал за сво­јот чич­ко Па­вел, со ко­го се сре­ќа­вал ко­га прес­то­ју­вал во Скоп­је. Де­нес, ста­ра­та ку­ќа е прет­во­ре­на во чај­џил­ни­ца, со де­бе­ли сен­ки и прек­ра­сен двор, кој прет­ста­ву­ва вис­тин­ски спас од пе­кол­ни­те го­реш­ти­ни.

Прв за оваа ку­ќа ми рас­ка­жу­ва­ше мо­јот ге­не­ра­ци­ски дру­гар со ко­го за­поч­нав во ли­те­ра­ту­ра­та, пи­са­те­лот од тур­ска на­ци­о­нал­ност Ала­е­тин Та­хир. Тој, во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни, ја има ку­пе­но ку­ќа­та од се­мејс­тво­то Ша­те­ви. Нај­пр­вин жи­ве­ел со сво­и­те во неа, а по­тоа, во вре­ме­то ко­га нас­та­на го­лем бум и за­жи­ву­ва­ње на Чар­ши­ја­та, ја прет­во­рил во чај­џил­ни­ца. Де­нес со неа ра­ко­во­дат не­го­ви­те си­но­ви Онур и До­ган. Ко­га прв пат ме по­ка­ни да ја ви­дам ку­ќа­та, Ала­е­тин со гор­дост ми ја по­ка­жа мно­гу ста­ра­та кру­ша на­са­де­на во дво­рот. По­ра­ди мно­гу­те при­каз­ни и ле­ген­ди што се рас­ка­жу­ва­ат за неа, ве­ле­ше тој, ја на­ре­ку­ва­ат и "кру­ша­та на Ша­тев". За жал, пред не­кол­ку го­ди­ни Ала­е­тин не­на­деј­но по­чи­на, а јас не прес­та­нав да се ин­те­ре­си­рам за ис­то­ри­ја­та на ку­ќа­та и за се­мејс­тво­то Ша­те­ви кое жи­ве­е­ло ту­ка.
Од две­те ќер­ки на Па­вел Ша­тев, ед­на­та е по­чи­на­та, а дру­га­та де­нес жи­вее во Заг­реб, во по­од­ми­на­ти го­ди­ни и, ка­ко што ме из­вес­ту­ва­ат при­ја­те­ли­те, ве­ќе теш­ко ко­му­ни­ци­ра со око­ли­на­та. Апос­тол, не­го­ви­от внук од бра­тот Иван, жи­ве­ел во ку­ќа­та во Ста­ра­та чар­ши­ја со соп­ру­га­та, ко­ја ра­бо­те­ла во бол­ни­ца, и со две­те ќер­ки. Ед­на­та би­ла ле­кар и е по­чи­на­та, а дру­га­та ќер­ка, Пав­ли­на, де­нес жи­вее во Но­во Ли­си­че. Таа уба­во се се­ќа­ва на то­гаш­на­та Чар­ши­ја и за ста­ра­та ку­ќа со ко­ја е ин­тим­но вр­за­на. Во неа ги ми­на­ла нај­у­ба­ви­те го­ди­ни, сво­е­то дет­ство и мла­дос­та.
За оваа ку­ќа во Чар­ши­ја­та и во­оп­што за се­мејс­тво­то Ша­те­ви збо­ру­ва и ед­на слав­на љу­бов­на при­каз­на, ко­ја е мал­ку поз­на­та во јав­нос­та. Име­но, таа љу­бов е ди­рек­тно по­вр­за­на со ге­ми­џи­и­те и на­ли­ку­ва на при­каз­на од ро­ман­ти­чен филм или од љу­бо­вен ро­ман. Име­но, се ја­ви­ле го­ле­ма љу­бов и за­ем­ни сим­па­тии ме­ѓу бра­тот на Па­вел Ша­тев, Иван, и сес­тра­та на слав­ни­те ре­во­лу­ци­о­не­ри, бра­ќа­та Ми­ле Поп Ор­да­нов и Ор­дан Поп Ор­да­нов-Ор­це­то. Таа љу­бов би­ла кру­ни­са­на со брак, та­ка што слав­ни­те ге­ми­џии Па­вел и Ор­це­то се оро­ди­ле.
- Мно­гу сум гор­да на тоа свое по­тек­ло - ми рас­ка­жу­ва де­нес Пав­ли­на - би­деј­ќи сум плод на таа љу­бов, јас сум нив­на вну­ка. Зна­е­те ли де­ка јас го но­сам име­то Пав­ли­на спо­ред мо­ја­та ба­ба, сес­тра­та на Ми­ле и Ор­це Поп Ор­да­но­ви. Спо­ред неа сум крс­те­на. А по де­до ми Иван, по ли­ни­ја­та на тат­ко ми Апос­тол, јас сум Ша­те­ва. Во нас чу­ка ср­це­то на двај­ца слав­ни ге­ми­џии. Од ед­на­та стра­на сме ве­ле­ша­ни, од дру­га­та стра­на кра­тов­ци. Се­пак, јас сум из­рас­на­ла во Скоп­је, во ку­ќа­та во Ста­ра­та чар­ши­ја, ко­ја пос­тои и де­нес, зад До­мот на за­на­ет­чи­и­те. Го са­кам Скоп­је, а за ста­ро Скоп­је сум емо­тив­но вр­за­на.
Ете, та­ка де­нес рас­ка­жу­ва слав­на­та вну­ка на ге­ми­џи­и­те. Де­но­ви­ве, во пе­кол­ни­те скоп­ски го­реш­ти­ни, по­чес­то се­дам во лад­ни­от двор, под сен­ки­те на ста­ра­та кру­ша во се­меј­на­та ку­ќа на Ша­те­ви. А со ог­лед и на ве­леш­ко­то по­тек­ло на Апос­тол и на не­го­ва­та ќер­ка Пав­ли­на, мо­же да се ка­же де­ка тоа е ку­ќа и на Поп Ор­да­но­ви. Во чај­џил­ни­ца­та, на при­ја­тен му­а­бет, под де­бе­ли сен­ки, на чај и иг­ра­ње до­ми­но, до­а­ѓа­ат мно­гу гос­ти. Не­кои од нив би­ле бли­ски при­ја­те­ли со се­мејс­тво­то на Апос­тол Ша­тев. Ко­га во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни ја про­да­ле ку­ќа­та, Ша­те­ви нај­пр­вин ку­пи­ле стан на ули­ца­та Џон Ке­не­ди, а по­тоа во Но­во Ли­си­че.
Ули­ца­та на ко­ја де­нес се на­о­ѓа ку­ќа­та, го но­си бро­јот 190, а, спо­ред твр­де­ња­та на ком­ши­и­те, ста­ну­ва збор за по­ра­неш­на­та ули­ца Ве­ра Ци­ри­ви­ри. Нив­ни­от прв со­сед То­де Пет­ров се се­ќа­ва на уба­ви­те ми­го­ви и на свад­ба­та на ќер­ка­та на Апос­тол на ко­ја при­сус­тву­ва­л. Де­неш­на­та чај­џил­ни­ца во ко­ја се иг­ра­ат за­бав­ни иг­ри, нај­мно­гу до­ми­но, го но­си име­то "Фр­ли, зе­ми". По тол­ку мно­гу ис­то­ри­ја, чо­веч­ки суд­би­ни, из­ми­на­ти вре­ми­ња, атен­та­ти, вој­ни, тоа име ка­ко да го сим­бо­ли­зи­ра са­ми­от жи­вот. "Фр­ли, зе­ми" или об­рат­но ако са­ка­те, "Зе­ми, фр­ли". На тур­ски: "Ат, ал".

(www.vest.mk, автор Данило Коцевски)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.