Од 1 јуни 2013 постарите модели на телевизори ќе бидат надвор од функција. Без соодветен рисивер „сет топ бокс“, сопствениците на приемници произведени пред повеќе од десетина-петнаесет години, кои сигналот го добиваат со земна антена, нема да можат да ги гледаат телевизиите кои ќе емитуваат дигитален сигнал. Нивната бројка, според процените на Советот за радиодифузија не надминува 50.000 корисници. Тие ќе треба да инвестираат во нов рисивер, кој ќе го трансформира дигиталниот сигнал и ќе им овозможи и натаму да ги користат старите телевизори. Цената на дигиталниот ресивер „сет топ бокс“ е 990 денари, истиот можете да го набавите во трговскиот центар „ОКИ-КОМ“ во Кратово (кај Орце).
Од друга страна, префрлањето на дигитална платформа, која од 1 јуни ќе ја спроведе новиот дигитален оператор „Оне“, нема да им создаде проблеми на најголем број граѓани, кои се приклучени на „Макс ТВ“, „Бум“ или кабелска телевизија. Тие без дополнителни трошоци или технички приспособувања ќе можат и во иднина да ги следат сите телевизии кои ќе емитуваат дигитален сигнал.
Инсталирањето на рисиверот ќе треба да си го направи секое семејство самостојно, бидејќи е многу едноставно. Наместо приклучокот на антената да се поврзе со телевизорот, сега ќе биде поврзан со рисиверот, кој пак, ќе треба да се приклучи на телевизорот. Со тоа завршува постапката и граѓаните и на своите постари телевизори ќе можат да следат програми.
Промотивно со овој дигитален приемник, првиот месец бесплатно ќе ги гледате сите домашни и странски ТВ канали кои се достапни на BoomTV. Дополнително, дигиталниот приемник ви нуди и можност по ваш избор да активирате некој од пакетите на BoomTV (Family пакет, FUN пакет, Balkan пакет и Пакет Плус) кои вклучуваат различни ТВ канали.
http://aberdzija.com/gradska/oki-kom-kompanija-koja-se-grizhi-za-udobnosta-na-vashiot-dom.html