gogo

A+ R A-


Легенда за слепата баба, 92 бебиња и Црни Врв

Легендата за спепата баба ја раскажа Илија Крумов од Приковци, викан Докторот, ја снимил Стевче Доневски, а порталот АБЕРЏИЈА ви ја пренесува Вам.
altСпоред легендата, во атарот на кратовското село Приковци постоело место познато како Чекалиште. Тоа било место каде рударите се чекале за да тргнат заедно кон рудничките јами. Тука доаѓале рудари од седум села: Шлегово, Приковци, Филиповци, Гризилевци, Кундино, Плешанци и Пробиштип. Со нив доаѓале и нивните сопруги кои тука ги оставале своите мали бебиња на една стара баба да ги чува, а потоа заминувале да собираат дрвја за топење на рудата. Рударите направиле голема дрвена лулка во вид на мал кораб, на која старата баба секој ден лулала 92 бебиња.

Тогаш во Кратово, како главна ковачница на монети, бил некој угледен човек-патеписец, кој сакал да го разгледа градот и да запише нешто за него. Кога го продолжил патувањето кон Штип, над Приковци стигнал до подножјето на ридот познат како Бел Врв. Тука наишол на старата баба како ги лула 92-те бебиња и ја прашал каде се мајките на бебињата. Бабата одговорила дека мајките заминале во Црни Врв за да собираат дрвја. Тогаш неговите водичи од Кратово кажале дека таков рид, со такви име нема, и ја прашале бабата зошто ридот го прекрстила.
-Синко, ридот се вика Бел Врв, но за мене е Црн, бидејќи јас сум слепа. Јас не ги разликувам бебињата, но секоја мајка овде си го препознава бебето по плачењето – рекла бабата.

 Така настанало името на ридот Црни Врв, кој се наоѓа на половина пат меѓу Кратово и Пробиштип, над селото Приковци.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.