gogo

A+ R A-


Луд тикет во Кратово, погодил 4 точни резултати, само Базел го бутнал за пола милион

Матурантот Дино Ангеловски од Кратово има навистина добра причина да жали што синоќа остана покус за половина милион денари, иако ги имал во рака. Овој млад кратовец одиграл тикет од 20 денари во обложувалницата Спортлајф во Кратово, на кој типувал точен резултат на пет мечеви од Лига Европа. Четири од петте меча со коефициенти меѓу 9 и 15 ги погодил, а паднал на петтиот меч меѓу Салцбург и Базел. На овој меч типувал 2-0 за домаќинот и бил многу блиску до добивка. Салцбург водел 1-0, имал играч повеќе и супер шанса за 2-0. Тогаш Марко Штрелер го израмнил резултатот и го уништил тикетот кој требаше да му донесе максимална исплата од 500.000 денари (450.000 по одданочување).
Дино успеал да погоди коефициент 16.500, а доколку го погодел и Базел, ќе имал коефициент 102.329, кој помножен со уплата од 20 денари носи добивка од 2 милиони денари, која поради лимитирање би изнесувала максимални 500.000 денари на еден тикет.   Оливер Арсовскиalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.