gogo

A+ R A-


Лудница во Кратово, Мицков го позајми џипот на газда Ѕинго и шпарташе по теренот

altОдамна немало таква ерупција на радост на стадионот во Кратово. По 14 меча без триумф над својот најлут ривал, Силекс не само што го порази Вардар, туку го фрли на колена, му одржа лекција, му даде три гола како никој сезонава. Да не беше тенденциозното судење на Бартон, кратовци ќе славеа многу поубедливо, но и вака победата е слатка. Знаеја кратовци да прослават по мечот, дури и газда Ѕинго, покрај своите 80 години, стана за да им ракоплеска за демолирањето на шампионот. Капитенот Мицков, во мигови на егзалтација, се качи на џипот кој го користи газда Ѕинго и направи неколку крукчиња по теренот, кревајќи ја атмосферата до вриење.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.