gogo

A+ R A-


Македонец режираше спот за култните Faith No More со македонски актери и музичари (ВИДЕО)

Светски популарниот рок бенд Faith No More го објави спотот за својата песна „Cone Of Shame“. Видеото е снимано во Македонија, од страна на домашна екипа. Режисер на видеото е Гоце Цветановски од македонската компанија Lynx Animation Studios, во чија продукција е видеото. Во спотот глумат неколку македонски актери меѓу кои и Митко Апостоловски.

alt

Басистот на бендот вели дека иако можеби полесно би им било да го снимаат видеото во Аризона или Њу Мексико, но во Македонија (каде бил неколкупати) почувствувал посебен „вајб“, а режисерот Цветановски одлично ја пренел нивната визија. 

Песната „Cone Of Shame“ е дел од последниот албум на американскиот рок бенд, Sol Invictus. 

Погледнете го видеото: 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.