Македонците лани во спортските обложувалници уплатиле близу 100 милиони евра, покажува анализата на податоците од работењето четирите спортски кладилници кои годинава се најдоа во Едицијата ТОП 200 најголеми и најпрофитабилни компании. Во овие 4 компании се свртеле околу 90 милиони евра, а уште најмалку 10-тина милиони се свртеле во останатите помали обложувалници, како и сумите кои завршиле на интернационалните онлајн - обложувалници.
Спорт Лајф Трејд, Златна Копачка Еден, Бетсити Балкан и Мастербет се четирите кладилници кои се најдоа на годишената ранг листа.
Спорт лаиф трејд е најголемата кладилница во Македонија која лани направила приходи од 51,3 милиони евра, што е годишен раст од 82%. Втора е Златна Копачка со годишни приходи од 16 милиони евра, што е годишен раст од 213,4 %. Бетсити Балкан со приходи од 14 милиони евра во 2012 година е третна најголема спортска кладилница, додека Мастербет е четврта со приходи од 3,75 милиони евра.
Најголем профит прави кладилницата Мастербет од еден милион евра, а втора најпрофитабилна кладилница е Спорт лаиф Трејд со профит од 714 илјади евра.