gogo

A+ R A-


Македонско-бугарски рок спектакл во Куманово

Rock-Festival-Kumanovo-f

Во недела, 07 септември 2014 година со почеток од 21.00 часот на Градски плоштад Куманово, ќе се одржи Голем рок спектакл на победниците на Rock’n Pop the Borders.

На настанот ќе земат учество бендови од Бугарија и Македонија: Enkhaosment, After Midnight, Bunch Of Assholes, Chainsaw Babies – Бугарија, TV Rage, Vizija, Plug In, Problem Solved – Македонија. Гости на вечерта ке бидат: Рок Балет Денс студио МАК, Сашко Костов и Симеон Иванов – Канго.

Водител на настанот е Марко Новески. Rock’n Pop the Borders е заеднички проект на здруженијата „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово и „Партнери – Дупница” од Дупница, Бугарија.

Проектот финасиски е поддржан од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија. Периодот на спроведување на проектот е од 19 декември 2013 до 18 декември 2014.

Rock-Festival-KumanovoКонцертот на победници следува по спроведениот натпревар кој започна на 12 мај 2014 година со онлајн натпревар на младите Рок и Поп музичари од Македонија и Бугарија за избор на најдобра авторска композиција. На натпреварот зедоа учество вкупно 25 бенда од Македонија и Бугарија на возраст од 13 – 25 години со регистрирање на www.rocknpoptheborders.com.

Потоа следеше период за гласање на пријавените нумери од 16 јуни до 16 јули 2014 година. Најдобрите 10 песни, кои според публиката влегоа во потесен круг, настапија на концерт во живо во Дупница, Р.Бугарија на 9 август 2014 г. каде што пак четири члена жири комисија од Македонија и Бугарија ги избра најдобрите три нумери кои беа наградени. По концертот во Дупница, Р.Бугарија, имаме чест најдобрите да настапат во живо на Rock’n Pop Awareness концерт во Куманово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.