Веќе шеста година по ред, во организација на Општина Кратово традиционално се одржува Мал Божиќен Концерт „Химни на Рождество Христово“'
И оваа година овој духовно – културен настан ќе понуди богата програма составена од песнопенија посветени на големиот православен христијански празник во изведба на црковниот хор „Свети Ѓорѓи Кратовски“. На концертот исто така учество ќе земат и децата од Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово.
Концертот ќе има хуманитарен карактер, сите донирани средства ќе бидат наменети за лекување на малата Билјана Пешевска на која што нашата помош и поддршка сега и е најпотребна!