gogo

A+ R A-


Мартин од Кратово - човекот кој е посилен од гравитацијата

Шетајќи по улиците на Кратово и Скопје, ако сретнете момче во чудни пози, во кои најчесто и пркоси на гравитацијата, да немате дилеми - тоа е Мартин Наковски - Тигар. Младото момче по потекло од Кратово,  живее во Скопје и секојдневно тренира гимнастика и борење во боречкиот клуб „7 Мај“. Студент е на Факултетот за физичка култура, отсек Спорт и здравје. За читателите на порталот „Аберџија“ ја откри тајната како да се одржува топ-тело и како да се победи гравитацијата.

-Тренирам веќе осум години, и тоа секојдневно. Омилено место за вежбање ми е Водно. Тајната е во тоа што за 30 минути правам околу 500 склека, во серии долги над 200 склека. Дополнително, се занимавам и со борење слободен стил и водам спортски живот - вели Мартин.
Во продолжение погледнете ја галеријата на фотографии на кои Мартин се наоѓа во навистина чудни, вратоломни позиции за кои е потребно многу силна мускулатура, силна енергија и јака концентрација.
alt

alt

alt

alt

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.