Инвазија на Супермени, Спајдермени, Роботици и принцези низ градот

Се верува дека обичајот да се шегувате на 1. Април потекнува од Франција од 14 век.
Пред тој период се употребувал еден календар во Европа, и секоја година почнувала на 1. Април. На тој ден луѓето славеле, си разменувале подароци, и се посетувале.
Потоа во 1564 година, Францускиот крал Чарлс ИЏ, преземал нов календар и со декрет наредил секоја Нова Година да почнува на 1. Јануари. Многумина го следеле овој кралски декрет, но сепак постоеле и луѓе кои не го почитувале новиот указ и продолжиле да си ја слават Новата година на 1. Април.
Наскоро овие луѓе станале мета на исмејување и трикови на нивните пријатели и соседи, само поради тоа што 1. Април го славеле како Нова Година.
Пријателите и соседите им испраќале лажни подароци, покани за лажни забави, и разни други мајтапи токму на 1. Април.