gogo

A+ R A-


Министерот Цветков го закрои лозјето во Кавадарци

altСо закројување на лозјето винарската визба Тиквеш ја продолжи традицијата која трае 130 години.

Чинот на закројување во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите го извршија министерот за земјоделство, Михаил Цветков, претседателот на Управниот одбор, Светозар Јаневски и Генералниот директор, Игор Илиевски.
„Закројувањето на лозјето е многу повеќче од традиција. Тоа ја покажува посветеноста и желбата на лозарите и винарите да произведат квалитетно грозје и врвни вина. МЗШВ и во иднина ќе продолжи интензивно да ги поддржува во тоа, со цел македонската винска индустрија да може да го искористи својот голем потенцијал со што треба да се обезбеди поголем пробив на македонското висококвалитетно вино на светските пазари“, изјави Цветков.
Повеќе од една деценија Тиквеш интензивно работи на реализацијата и стратегијата која го фаворизира квалитетот наспроти квантитетот во производството на вино. Во реализацијата на ваквата стратегија досега се инвестирани над 30 милиони евра.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.