gogo

A+ R A-


Мирисот на смртта: втор дел од потресната исповед на Стојанче Ангелов за битката за Арачиново

altОткако набрзина ја наместија носилката во задниот болнички дел на фордот „Тигарот“ Манов (Зоран Манов, нека му е вечна славата, почина неколку години подоцна) скокна на возачкото седиште во фордот, го стартуваше моторот, наби гас и со голема брзина тргна кон Државна болница. Нинџата (Зоран Ивановски) седна покрај мене. Тој беше нешто како медик (медицинско лице) на „Тигрите“, имаше завршено некаква обука за прва помош, но реално повеќе беше специјалец отколку медик.

Седеше и со неверување гледаше во мене. Полека ја сфаќаше сериозноста на мојата повреда. Наместо да се обиде да ми помогне, тој изгледаше како малку да се подизгуби. Зјапаше во мене не знаејќи што да ми прави. А и што можеше да направи? Крвавењето не можеше да го сопре во никој случај бидејќи крвта ми истекуваше од уста. Средства против болки немаше. Единствено нешто што му остануваше беше да ме охрабрува да издржам до болница. Но ни тоа не го правеше убедливо. Неговите зборови „заменик, немој да умреш“ длабоко ми се врежаа во свеста. „Заменик, немој да умреш“, повторуваше како хипнотизиран. „Заменик, немој да умреш“ продолжуваше понатаму. Ми се обраќаше со „заменик“ бидејќи во тој период бев заменик-командант на „Тигрите“ (во средината на насловната фотографија, тогаш бев командир на 4-от вод). Со испрекинат глас проследен со крчење му враќав „Нинџа, умрé“ („умрé“ на штипски е исто што и „умрев“ на стандарден македонски јазик, со тоа што акцентот се става на е-то). „Заменик, немој да умреш“, панично повторуваше Нинџа. „Нинџа, умрé“, му враќав јас.

ДУПКАТА

Одеднаш фордот згазна во некоја длабока дупка. Од ударот возилото скокна, а јас почувствував ужасна болка. Почнав да тонам. Темнината повторно почна да ме обзема. Запнав, ја собрав сета преостаната сила и се повратив назад. „Манов, забави, не брзај толку“, се обидував да му довикнам на возачот бидејќи ако згазнеше во уште една дупка, можев да паднам во несвест, па џабе ќе му беше и да ме однесе во болница неколку минути порано.

целата сторија на следниот линк
http://www.mkd.mk/kolumni/mirisot-na-smrtta-2

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.