
Во организација на филмскиот фестивал „Македокс“ и Младински Образовен Форум од Скопје, започна организирање на младински кино клубови. Во следните 7 месеци ќе се проектираат документарни филмови во 12 градови низ Македонија, меѓу кои и Кратово.
Циклусот во Кратово започна на 27 март 2015 година во просториите на здружението „Регионален центар за одржлив развој“ со проекција на филмот „Алфабет“ (продукција Австрија/Германија, 2013). Филмските проекции се бесплатни и ќе се одржуваат еднаш месечно во: Гевгелија, Неготино, Велес, Струга, Ресен, Битола, Кратово, Кичево, Дебар, Тетово, Скопје и Куманово. Распоредот на проекциите можете да го следите тука
https://www.facebook.com/events/620795571355156/626638854104161/
Проектот е подржан од National Endowment for Democracy - Вашингтон, САД и истиот има за цел да се подигне свесноста за човековите права со посредство на креативната документаристика