Доколку на интернет се појави некоја вирална фотографија од славна личност, можете да бидете сигурни дека Патрик Торендал ќе ја искористи за да направи забавна монтажа. Благодарение на смешните монтажи во Photoshop, Торендал стана еден вид интернет сензација и сега има огромен број следбеници на Instagram.
Торендал вели дека ни самиот не знае како почнал со овие монтажи. Некогаш ги уредувал своите фотографии во Paint, па после почнал со Photoshop. Намерата му била да се научи да работи во програмата, но работите добија сосема друг правец кога на интернет се раширија неговите монтажи со славните личности. На интернет корисниците им се допаѓа неговата смисла за хумор, па така бројот на следбеници на неговите профили на социјалните мрежи постојано расте.
Најновото дело на Торендал е монтажата со фотографијата со старлетата Амбер Роуз.
-повеќе на http://kajgana.com/montazhite-na-majstorot-za-photoshop