На 5 јануари (понеделник) 2015 год. по повод Христовото раѓање „Божиќ“ општина Кратово ја организира манифестацијата „Бадниково гранче“ или „Берење на бадниково гранче“.
На местото викано Жгури во 11 часот заедно со општина Пробиштип пред огромен број на граѓани се берат бадниковите гранчиња, се осветуваат гранчињата и погачата во која има паричка.
По тој повод организиран е бесплатен автобус за граѓаните кои сакаат да бидат дел од манифестацијата кој тргнува во 10 часот од автобуската станица Кратово.
Манифестацијата е пропратена со богата посна трпеза, греана ракија, чај и црвено вино.
Целиот настан е проследен со музика и општо народна веселба