Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 02.01.2019 до 11.01.2019 година, со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.
- Им препорачуваме на директорите на основните и средните училишта во Македонија, согласно надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 02.01.2019 до 11.01.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците – стои во препораката на министерството.
Ова препорака е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период.