Започна втората сезона на популарното шоу „Танц со ѕвездите“. Македонската телевизија со премиерно издание и претставување на натпреварувачите им ја честиташе Новата година на сите свои гледачи кои ја дочекаа 2014 година на нивната фреквенција.
Конечно го дознавме и името на водителката кое до последен момент се држеше во тајност. Станува збор за Марјана Станојковска, која во првата сезона беше една од натпреварувачите, а сега му е партнерка на Тони Михајловски.
Во втората сезона на „Танц со ѕвездите“ се натпреваруваат: водителот Димитар Атанасовски, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, каратистката Наташа Илиевска, пејачката Сара Мејс, презентерката Маријана Димовска, музичарот Владимир Крстевски- Франц, моделката Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски заедно со нивните професионални танц-партнери.