|
|
![]() |
Од почетокот на годината сите градинки почнале да воведуваат новини во оброците во менијата. Некои градинки веќе направиле комплетна измена, па нема ден кога децата не внесуваат овошје и зеленчук.
Оброците се планираат во согласност со возраста. Така децата во јасли до една година добиваат по пет оброци, а повозрасните деца до шест години имаат појадок, ужина, ручек и попладневна ужина. Во градинките што работат втора смена се дава уште еден оброк.
Во правилникот за исхраната на децата во градинките пишува и дека дневните потреби на децата треба да се задоволат со белковини, и тоа од 12 до 15 отсто, масти од 27 до 30 отсто, како и јаглехидрати со 55-60 отсто.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека последен пат е направена измена за храна во градинките во септември минатата година, за да се подобри квалитетот на исхраната во детските градинки.
- Со објавувањето на правилникот за изменување и дополнување на правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца достави до сите листа на планирани јадења во јавните и приватни детски градинки. Новите листи се применуваат во сите детски градинки, кои се задолжени да ги применуваат. Секое непочитување на овие листи граѓаните може да го пријавуваат - соопштуваат од МТСП.
Оттаму додаваат и дека ќе се прави дополнително усовршување на менијата, односно околу начинот на готвење на оброците.
Во градинките се готви според ХАСАП-систем, а набавката на продуктите се врши на тендер.