Пиво не, ама млеко обожавам. Литро дневно не ми бега. А пошто маалското дуќанче ми е речиси у двор, секој ден си правам „расходка“. Педесетденарка у џеб и трк по литро „Битолско“. Продавачката фина, се знаеме од деца. Си имаме муабет. Можда баш заради тоа, секогаш „кусурот“ од 3 денари наместо у железарија ми го враќа у вид на мастики за џвакање. Комшо, немам ситно, може три мастики? Може, може, па и не може. Џвакав неколку пути „камен“ тврди мастики, ми се смучи и и инаправив ујдурма. Последните неколку кусури изразени во валута „мастики“ ги собрав у едно кесе и тргнав по редовната доза млеко. Мојта убава комшика-продавачка уште кога ме виде како идам, веќе го ставила млекото на каса и подготвила кусур во мастики. Влегов внатре, го зимам млекото и и викам дека немам крупно, дали ќе можам да платам со „ситни пари“. Ја почекав да климне со глава, ги истурив 47-те мастики и фатив „џаде“. Ми се направи мерак, по пат си го исцицав млекцето, без обврска потоа да џвакам мастика. автор - „Матурант Т.В.“
Немам ситно, може ли мастика? (маалска приказна од Кратово)
Најново
![]() | Денеска | 4858 |
![]() | Вчера | 29594 |
![]() | Оваа недела | 167019 |
![]() | Минатата недела | 182146 |
![]() | Овој месец | 664946 |
![]() | Минатиот месец | 151113 |
![]() | Вкупно | 21869995 |