Рок/метал бендот HUG дебитираше на музичката сцена во Кратово
Кратово е град на музикални луѓе. Дека е така, говори податокот дека последниве година – две на музичката сцена во Кратово се изродија неколку музички бендови. На 7 декември 2011 година во Кратово, за прв пат пред публиката настапи младиот рок/метал бенд HUG (Help Us God).
Бендот постои веќе цела година, но дури сега ја имаше првата официјална жива свирка во кратовските кафулиња. Сега за сега бендот брои три члена: Стефан Симоновски (NumbeRboy – vocal, bass guitar),
Дарио Арсовски (Psyduck - vocal, rhythm guitar),
Дарко Младеновски (Dark Rose - lead guitar).
Тие се ученици во гимназијата „Митко Пенџуклиски“. Им недостасува уште тапанар во групата (ако има некој заинтересиран, може да се пријави на нивната facebook страна).
На 17ти декември (сабота) настапија уште еднаш во живо и едноставно ја оживеаја атмосферата! Настапија како предгрупа на кратовскиот рок бенд d’fender’s и направија прекрасен амбиент за добро расположение меѓу присутните гости.
Нивна најголема амбиција е да продолжат да пишуваат песни и имаат намера да го издадат и својот прв албум.
Коментари
Support DamieN
0 Daki 2012-01-16 18:42 #1
RSS feed for comments to this post