Етно Вештите Жени од Кратово организираа двочасовна предновогодишна забава во х.Кратис за дечињата од Дневниот центар за посебни потреби. Идејата беше дечињата да не останат во просториите каде што секојдневно престојуваат, и затоа ова дружење и забава со храна приготвена од вештите раце на неколку етно вешти кратовчанки, со шарени балони, новогодишни украси, новогодишни пакетчиња и секако со прекрасна новогодишна торта беше замислена како забава која има роденденски карактер, односно роденден за сите деца.
Со искрени желби, за среќна и успешна Нова 2016 година, исполнета со многу здравје и насмевки на своите лица им посакаа Етно Вештите Жени од нашата општина!