gogo

A+ R A-


Новогодишна забава на младите социјалисти во Кратово

altМладите социјалисти од Кратово – членови на Социјалистичката Партија на Македонија на синоќешната забава, покажаа што всушност значи стабилност, меѓусебно почитување и единство.
Младите покажаа зрелост, мудрост и капацитет дека умеат да се носат со големата одговорност да се управува со сопствената судбина и да се носат самостојни одлуки без потклекнување на предизвиците со што и ќе ја заокружиме оваа година која беше исклучително успешна, изјави Претседателот на Младите социјалисти во Кратово,  Златко Стојановски.
Забавата ја отвори пратеникот Стојан Миланов, кој ги пренесе топлите поздрави и честитки за Новогодишните и божиќните празници од Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија Г-дин Љубисав Иванов – Ѕинго и посака да продолжиме со истото темпо како и досега, односно само со цврсто зацртани цели ќе бидеме успешни и ќе не однесе понапред и кон побрзо остварување на нашите цели, бидејќи само така ке изградиме подобра иднина за следните генерации.
Социјалистичката партија на Македонија на сите граѓани на Република Македонија им ги честита новогодишните и божиќните празници, со желба за добро здравје и успех во годината што ни претстои.
alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.