На штитениците од Дневниот центар за деца со посебни потреби и на 36 деца од социјално загрозени семејства од општина Кратово градоначалникот Мите Андоновски вчера им подари новогодишни пакетчиња и им ја честита Новата 2017 година.
Општинава, годинава подари и 135 пакетчиња на децата од детската градинка „Царка Андреевска“ во Кратово.