Пивце во едната, билтенче во другата рака, ЛЦД пред себе... Тоа е магијата на европското фудбалско првенство... Во целата таа магија се е супер, недостигаат само пари... И тогаш налетуваш неочекувано на коефициент 130 за облог дека нема да има пенал на дуелот Чешка - Грција... си викаш, мора да е грешка, бидејќи на останатите дуели коефициентот за истата игра е 1.30... и тука итрите кратовци одлучуваат да ризикуваат, додека грешката не е поправена, се вложува се што се има во џебот во тие моменти. Кој уплатил, уплатил, кој не, нека се нервира... мечот завршува со победа на Чесите, пенал нема, време е за исплата... Неколкуте среќни добитници (се шпекулира со цифра од 150.000, се оградувам доколку не е точна), триејќи ги рацете, очекуваат полни џебови, но добиваат ладен туш... обложувалницата не го признава коефициентот 130 на нивните тикети, вели дека се работи за коефициент 1.30 и за него ќе пресметува коефициент 1.
Е па драги читатели на порталот АБЕРЏИЈА, кое е Вашето мислење за овој скандал со големи суми, дали сметате дека обложувачите треба да си ја наплатат добивката, или пак обложувалницата е во право...