gogo

A+ R A-


Од 1 ноември ќе се контролира дали наставниците редовно го пополнуваат Е-дневникот

Од 1 ноември ќе започнат редовни контроли дали се внесуваат податоите во Е-дневникот во основните и средните училишта. Контролите ќе бидат реализирани на цела територија на Македонија и во континуитет ќе се спроведуваат како што е во рамки на законот.

-Во текот на летниот период и месец септември беше извршена корекција на платформата на која функционира Е-дневникот. Обезбеден е и дополнителен агрегатор кој врши заштита од евентуален пад и губење на струја и интеренет конекција, истакна ресорниот министер Спиро Ристовски.

Корегирани се и голем број процеси во работата на електронскиот дневник, а според информациите и испитувањата направени во тест периодот, исклучително е подобрена неговата работа.

-Нас не ни е целта да извршиме контроли за да ги казниме наставниците, крајната цел ни е да обезбедиме целосна функционалност на Е-дневникот, негово навремено и комплетно исполнување со податоците кои се неопходни за самите ученици, за нивните родители и секако за наставниците, додаде Ристовски.

sristovski500

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.