gogo

A+ R A-


Од 17 до 28 декември пробно екстерно тестирање, матурантите изземени

alt20 илјади ученици ќе го решаваат тестот од пробното екстерно тестирање кое ќе се спроведе од 17 до 28 декември. Опфатени се 45 основни и 16 средни училишта. Матурантите ќе бидат поштедени. Нема да полагаат ниту пробно ниту пак во мај. Според законот,  екстерно ќе се тестираат од наредната учебна година. Тестовите сеуште се во изработка, а целта на пробното е да се види дали тоа беспрекорно ќе може да се спроведе по електорнски пат.

- Ова тестирање ќе нема никакви реперкусии ниту по наставниците ниту по учениците, значи тие нема да се оценуваат.Ова за прв пат го спроведуваме и мора да се направи проверка како фукнкционира системот, вели Емилија Угриновска, претседател на работна група за пробно екстерно тестирање.

Екстерното тестирање за сите ученици ќе се спроведе кон крајот на оваа учебна година. Се прават напори за набавка на компјутери во сите училишта. Последната варијанта е на тие ученици да им се поделат класични тестови. Преку екстерните тестови всушност треба да се оценат наставниците и професорите, дали биле реални или подарувале оценки. За дарежливите наставници ќе следи  казна од 10 отсто пониска плата, а за оние што реално оценувале повисока плата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.