Денес, Општина Кратово го одбележа денот на првото ослободување на градот, односно на овој ден - 25 април 1944 год. граѓаните на Кратово за прв пат ја видоа слободата, иако за кратко, за еден ден. Тој ден, го најави крајот на окупацијата, а и големата воено - политичка победа над окупаторот за ослободување на Македонија. Затоа им беше одадена достојна почит на борците кои ги положија своите животи за слободата на овој град. По тој повод беше положено свежо цвеќе на нивните спомен - обележја, проследено со едноминутно молчење, додека учениците од СОУ ,,Митко Пенџуклиски,, подготвија и прочитаа прекрасни поеми инспирирани од храбриот подвиг и живот на овие борци за слобода кои се вградија во темелите на слободната македонска држава. |
Одбележан денот на првото ослободување на Кратово
Најново
![]() | Денеска | 4028 |
![]() | Вчера | 8164 |
![]() | Оваа недела | 19569 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 107917 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21161853 |