Младите во Кратово, но и во околните места се гладни за добра забава, а најдобар доказ за тоа се двете диџејски забави на базенот во Кратово во рамки на фестивалот „Златни денови“. Под диџејската палка на Жак, Нанохана и Кокс, во двете фестивалски ноќи се случуваа одлични журки до раните утрински часови, на кои одлично се забавуваа стотици посетители. Одлична забава имаше и вчера во текот на денот, кога диџеј Жак приреди одличен музички сет за капачите на базенот, кои навистина ги имаше во огромен број. За пофалба е прекрасната сцена и квалитетното озвучување, кое придонесе за одлични впечатоци кај посетителите.




















